Претседател
Поранешни претседатели
За Македонија
Кабинет
почеток
Мапа
Линкови English version
Покровителство
Пресс центар
 Документи
Контакт
Виртуелни тури Фото есеи
Пронајди Пребарај
Пренеси на пријател Испрати


За разгледување на Виртуелните тури потребен ви е IPIX 360° Plug-in.


СВЕЧЕН ВЛЕЗ (приземје)
Ентериер: проектиран од Милан Миниќ, 1954
  • копија на фреска - Пречестување на апостоли
  • копија на фреска - Предавството на Јуда
  • копија на фреска - Качување на крстот

ХОЛ НА СВЕЧЕН ВЛЕЗ
Ентериер: проектиран од Милан Миниќ, 1954
  • скулптури - Оплакување и Тутунарка
  • автор - Димо Тодоровски
  • изработени - 50-тите години

ХОЛ ПРЕД КАБИНЕТОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ
Ентериер: проектиран од Милан Миниќ, 1954
Изведен - 1954 година
  • Уметничко дело - “ПРИМОРСКИ ПЕЈСАЖ”
  • Уметничко дело - “БУДВА”
  • Уметничко дело - “КОМПОЗИЦИЈА”

КАНЦЕЛАРИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ
Проектант - Милан Миниќ (Белград);
Градена: 1954 година




Опис на резбата во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија носи датум и печат од 30-те години на минатиот век. Изграден бил како Кабинет за тогашниот бан, чие седиште била сегашната зграда на Собранието на Република Македонија, а по ослободувањето во него имаат работено сите досегашни претседатели на Република Македонија. Објектот - Собрание на Република Македонија бил проектиран од страна на архитектот Виктор Худак (чех).

Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија сè е исто како кога бил уреден и осмислен пред 70-тина години. Целиот ентериер: поголемите парчиња резба со кои се украсени ѕидовите и таванот, мебелот, работната маса на претседателот, комодите, па дури и паркетот со мозачини шари датираат од 1938 година, кога е завршено обликувањето на овој простор.

Паркетот во Кабинетот е реден така што да се добие мозаичен изглед на подот, а дрвото што е употребено е донесено од Африка.

Дизајнот на резбата е работен по примерите Фиорентинската школа за резбарство. Го направил Драгутин Инкастриот - Медењак, роден во Сплит, во 1866 година, а починат во Белград во 1942 година. Резбата ја работел Коста Глишиќ, тетовец, а во дел од работата учествувале и Нестор Аљексиев и неговиот син Тодор. Инаку целата резба е изработена од ореово дрво.


Кон Врвот
  © Претседател на Република Македонија, 2004