Борис Трајковски беше претседател на
Републиката почнувајќи од 15 декември
1999 година. Тој е роден на 25 јуни
1956 година во Струмица. Дипломирал
на Правниот факултет во Скопје 1980
година, специјализирал деловно право
и право на работни односи. До 1997 година
е раководител на правната служба на
градежното претпријатие Слобода - Скопје,
од 1997 до 1998 година е шеф на Кабинетот
на градоначалникот на општина Кисела
Вода - Скопје, а од 21.12.1998 година
е заменик министер за надворешни работи
на Република Македонија.
Бил претседател
на Комисијата за надворешно - политички
односи на ВМРО-ДПМНЕ, главен политички
советник за надворешна политика на претседателот
на ВМРО-ДПМНЕ, член на Претседателството
на невладината организација Паневропско
движење за Република Македонија, член
на меѓународната конференција: "Решавање
на конфликти", Атланта, САД, учествувал
на многубројни меѓународни конференции
со тема решавање на конфликти, религиозна
толеранција, религиозна слобода, бил
претседател на младината на Обединетата
методистичка црква во поранешна Југославија
повеќе од 12 години.
Инаугуриран е како
втор по ред претседател на Република
Македонија на 15 декември 1999 година.
Оваа функција ја извршува се до се до трагичната несреќа на 26 февруари 2004 година.
|