ХИМНА
Денес над Македонија се раѓа
Денес над Македонија се раѓа
ново сонце на слободата
Македонците се борат
за своите правдини !
Македонците се борат
за своите правдини !
Одново сега знамето се вее
на Крушевската Република
Гоце Делчев , Питу Гули
Даме Груев , Сандански !
Гоце Делчев , Питу Гули
Даме Груев , Сандански !
Горите Македонски шумно пеат
нови песни , нови весници
Македонија слободна
слободна живее !
Македонија слободна
слободна живее !