Претседател
Поранешни претседатели
За Македонија
Кабинет
почеток
Мапа
Линкови English version
Покровителство
Пресс центар
 Документи
Контакт
Виртуелни тури Фото есеи
Пронајди Пребарај
Пренеси на пријател Испрати

Проф. Д-р. Гоце Петрески


  • Советник за економски прашања
Образование:
  • Доктор по економски науки

Области: економски развој, економски раст, инвестиции, економска анализа и меѓународни економски проблеми. Магистрирал на постдипломски студии од економски развој и методи на економската анализа и завршил постдипломски студии од областа на населението и развојот (во странство)

  • Специјализации (сертификати)

Развој на мали и средни претпријатија, Сеул, Кореја
Управување со големи претпријатија, Токио, Јапонија
Приватизација во Германија, Бон, Германија
Финансиска анализа и евалуација, “Coopers&Lybrandt”, Скопје

  • Дипломат

Мултилатерална дипломатија

Работно искуство:
  • Универитетски професор: настава од економски раст и развој, инвестиции, економија на трудот и меѓународен бизнис и други меѓународни економски проблеми - на редовни или постдипломски студии на својот и на други универзитети
  • 1991-1992

Министер за развој во првата Влада на Република Македонија по осамостојувањето

  • 1995-1996

Претседавач на Економскиот и финансискиот комитет на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк

  • 1997-1998

Претседател на Бордот за трговија и развој на Обединетите нации (UNCTAD), Женева

  • 1994-2000

Амбасадор, постојан претставник на Република Македонија во седиштето на ОН во Женева и другите меѓународни организации во Швајцарија

  • Шеф на поголем број национални делегации на меѓународни конференции и собири (Конференцијата за разоружување, Комисијата на ON за човечки права, Економската комисија на ON за Европа, UNCTAD, WIPO, WTO, ILO и др.), координатор и коавтор на антиинфлационата програма 1992, консултант на Европската банка за обнова и развој – Лондон, надворешен економски советник на премиери на две влади, учествувал во преговорите за сукцесија, бил главен преговарач на Р.Македонија за пристапување во Светската трговска организација, активно учествувал во целиот циклус трговски преговори со EFTA и тн. Член на Комисијата за хартии од вредност. Член на Blue Ribbon комисијата за реформи
  • Има објавено над 150 референци (статии, книги, истражувања). Реализирал студиски престои во Хаг, Бон, Лондон, Рим, Стокхолм и Бриж. Учествувал на повеќе меѓународни симпозиуми, научни и други собири (Лондон, Вашингтон, Стокхолм, Лион, Сантандер, Варшава, Атина, Букурешт, Бон, Луксембург и др.) Работел на повеќе научно - истражувачки проекти. Извршува советнички улоги и бил, или е член на одделни организации или институции. Добил национална награда за труд од областа на економијата за 2002 година.
Кон Врвот
  © Претседател на Република Македонија, 2004