Има основна ѕвездеста форма
со димензии од 65мм.
Орденот е изработен од
сребро, позлата, тониран
топол емајл.
Орденот има соодветна лента
и минијатурна лента.
Редниот број на орденот,
соодветен жиг за чистота
на металот од кој е изработен
и жигот на производителот
се втиснати на задниот дел
на орденот.
Секој орден и медал има
соодветна кутија, во одредена
боја, која димензионално
одговара на димензиите на
одличјата. На поклопецот
на кутијата со златовтиснување
е името на одличјето.
Лентите за ордените се
изработени од маорирана
свила во пропишаната боја
и димензија.