Претседател
Поранешни претседатели
За Македонија
Кабинет
почеток
Мапа
Линкови English version
Покровителство
Пресс центар
 Документи
Контакт
Виртуелни тури Фото есеи
Пронајди Пребарај
Пренеси на пријател Испрати

Орден за воени заслуги

 

Орден  за воени заслуги

Има основна медаљонска форма со димензии од 65мм.

Медаљонот има форма на осмокрака ѕвезда, чии краци се спојуваат во круг кој го сочинува мотото - за татковината и знамето на Република Македонија. Околу краците на ѕвездата има венец од дабови гранки. Над орденскиот знак има карика од вкрстени мачеви со апликација на дабов лист.

Орденот е изработен од сребро, позлата, тониран топол емајл.

Орденот има соодветна лента со која се носи на врат.

Редниот број на орденот, соодветен жиг за чистота на металот од кој е изработен и жигот на производителот се втиснати на задниот дел на орденот.

Секој орден и медал има соодветна кутија, во одредена боја, која димензионално одговара на димензиите на одличјата. На поклопецот на кутијата со златовтиснување е името на одличјето.

Лентите за ордените се изработени од маорирана свила во пропишаната боја и димензија.

 

Орден за воени заслуги - се доделува на:

 

  • на припадници на безбедносните сили на Република Македонија, на воени старешини за извонредни успеси во организирањето и командувањето со вооружените сили за време на војна и мир; во изградбата и јакнењето на одбранбената способност на Република Македонија; во командувањето и раководењето со безбедносните сили и воените единици или установи за дејствија коишто придонесуваат за успешна и ефикасна одбрана на независноста, безбедноста и територијалниот интегритет на Републиката;
  • за особена храброст или за посебни заслуги на полицајци, војници, старешини, полициски единици и воени единици, штабови, команди и установи, кои со својот пример и умешност во раководењето со единицата, односно установата создаваат услови за постигнување на исклучително добри успеси или кои се одликуваат со старешински, полициски и војнички особини што им служат за пример на другите старешини и војници, како и на граѓански лица на служба во вооружените сили на Република Македонија за постигнување на особени резултати од значење за одбраната на Републиката;
  • на воени и полициски единици и установи за повеќегодишно успешно работење и постигнување на особени резултати во развивањето и јакнењето на безбедносните сили и вооружените сили во Република Македонија и
  • на припадници на странски вооружени сили за особен придонес за успешно остварување и унапредување на односите и соработката меѓу вооружените сили на нивната држава и вооружените сили на Република Македонија.
Кон Врвот
  © Претседател на Република Македонија, 2004