Cоставен
e од орденски знак на гердан
и од орденска ѕвезда. Орденската
ѕвезда има основна кружно-ѕвездеста
форма со димензија од 91мм.
Медаљонот на орденската ѕвезда
е идентичен со орденскиот
знак. Тој е во кружна форма
со димензија од 57мм. Орденскиот
знак со соодветна јазолна
карика висока 3,5 сантиметри
е врзан за герданот на орденот.
Двете форми на герданските
алки, наредени со наизменична
меѓусебна врска долга 80 сантиметри
го сочинуваат герданот на
орденскиот знак. Димензиите
на алките се лимитирани од
дадената должина на герданот.
Штитот од
ѕвездата е престава на споени
брановидно-тутунови зраци
кои на својот врв имаат топчест
завршеток во кој се вметнати
рубини. Во централното поле
е вметнат соодветен рубин.
Централниот медаљон околу
рубинот има стилизација на
флорални елементи, а стилизирани
палмети го заокружуваат централниот
дел на медаљонот. Маргиналниот
венец на медаљонот е составен
од нишка од брилијанти.
Медаљонот
на орденскиот знак е идентичен
со централниот медаљон на
орденската ѕвезда.
Кариката
меѓу герданот и орденскиот
знак е стилизација на гордиев
(хераклев) јазол и детал од
маргините на Болоњскиот псалтир.
Орденот
на Република Македонија е
изработен од 18 каратно злато,
има родиумски третирани елементи,
соодветно тониран топол емајл
и скапоцени камења, во современа
јувелирско - ковна техника.
Орденот
има соодветна минијатурна
лента со димензија (1,5мм
со 3,5мм) во црвена боја со
две паралелни жолти нишки.
Редниот број на орденот, жигот
за чистотата на металот од
кој е изработен и жигот на
производителот се втиснати
на задниот дел на орденскиот
знак и на орденската ѕвезда.
Секој орден
и медал има соодветна кутија,
во одредена боја, која димензионално
одговара на димензиите на
одличјата. На поклопецот на
кутијата со златовтиснување
е името на одличјето.
Лентите за
ордените се изработени од
маорирана свила во пропишаната
боја и димензија.