Претседател
Поранешни претседатели
За Македонија
Кабинет
почеток
Мапа
Линкови English version
Покровителство
Пресс центар
 Документи
Контакт
Виртуелни тури Фото есеи
Пронајди Пребарај
Пренеси на пријател Испрати

Орден Илинден - 1903 година

 

Орден  Илинден - 1903 година

Редизајн на Илинденската споменица од 1953 година. (Службен весник број 16 на Народна Република Македонија од 19.06.1950 год.). Орденот има основна форма на четворокрака ѕвезда со димензии од 71мм.

Орденот е изработен од сребро и позлата.

Орденот не се носи на лента.

Редниот број на орденот, жигот за чистота на металот од кој е изработен и жигот на производителот се втиснати на задниот дел на орденот.

Секој орден и медал има соодветна кутија, во одредена боја, која димензионално одговара на димензиите на одличјата. На поклопецот на кутијата со златовтиснување е името на одличјето.

Лентите за ордените се изработени од маорирана свила во пропишаната боја и димензија.

 

Орден Илинден - 1903 - се доделува на:

 

  • истакнати личности во борбите за национално и социјално ослободување; за политичките затвореници и лица прогонувани, судени и затворани за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност; за лица, државни органи, установи, владини и невладини организации и слично, кои со нивни посебни залагања придонеле во создавањето на сувереноста, независноста, територијалниот интегритет на Република Македонија; како и за исклучителен придонес за нејзиниот државно - правен и општествен развој и за јакнење на односите на заедниците во Република Македонија и
  • лица за извонредни дела и заслуги на полето на безбедноста и одбраната на Република Македонија, како и за меѓународна соработка на овие полиња.
Кон Врвот
  © Претседател на Република Македонија, 2004