Има основна ѕвездеста форма
со димензии од 81мм.
Орденот е изработен од
сребро со позлата, тониран
топол емајл во современа
јувелирско-ковна техника.
Орденот има соодветна,
лента и минијатурна лента.
Редниот број на орденот,
жигот за чистота на металот
од кој е изработен и жигот
на производителот е втиснат
на задниот дел на орденот.
Секој орден и медал има
соодветна кутија, во одредена
боја, која димензионално
одговара на димензиите на
одличјата. На поклопецот
на кутијата со златовтиснување
е името на одличјето.
Лентите за ордените се
изработени од маорирана
свила во пропишаната боја
и димензија.