Претседател
Поранешни претседатели
За Македонија
Кабинет
почеток
Мапа
Линкови English version
Покровителство
Пресс центар
 Документи
Контакт
Виртуелни тури Фото есеи
Пронајди Пребарај
Пренеси на пријател Испрати

 

Ордените, медалите и спомениците најчесто говорат за одредени настани од бурното минато на долгата македонска историја, тие се еден од аспектите на трнливиот пат на нашиот народ за целосен просперитет. Одликувањата и признанијата на Република Македонија се симболи на признание што се доделуваат за работи и дела што заслужуваат општо признание, пожртвуваност и истакнување за време на мир или војна. Тие се дел од атрибутите на државноста по кое тежнееа генерации Македонци. Ликовно графичките решенија на одличјата ги изразуваат историските, културните, научните и уметнички традиции, симболи и обележја, како и автентичните природни и географски карактеристики на Република Македонија.

Според Законот за одликувања и признанија на Република Македонија, од 27 јуни 2002 година, Република Македонија има 5 ордени, 2 медали и 1 државно признание – Повелба на Република Македонија.

По повод 8 септември - Денот на независноста на Македонија, Претседателот на Република Македонија, Н.Е. г-дин Бранко Црвенковски ги додели првите ордени “Орден на Република Македонија“ на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, и посмртно на Борис Трајковски, поранешен претседател на Република Македонија.

По повод 40 годишнината од автокефалноста на МПЦ, Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски со "Орден на Република Македонија" ја одликува Македонската Православна Црква.

На Свечената академија по повод одбележувањето на 86 години високообразовна дејност на Филозофскиот факултет и 60 години од основањето на првиот македонски факултет, Претседателот Црвенковски на Филозофскиот факултет му врачи одличје "Орден за заслуги за Македонија" во знак на признание и благодарност за долгогодишната дејност и значајниот придонес за Република Македонија во развојот и промоцијата на образованието и науката, за пренесување на знаењата, поттикнување на вкупниот развој и напредокот на општеството.

Претседателот Црвенковски со "Орден за заслуги за Македонија" го одликува Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје, а по повод 40 години од неговото основање. Претседателот Црвенковски со “Медал за заслуги за Македонија” одликува и шестмина членови на странски академии на науки и уметности за исклучителен придонес во афирмирањето и популаризацијата на современиот македонски јазик, литература и култура во нивните земји. Претседателот на Република Македонија ги одликува Рина Павловна Усикова од Руската федерација, Влогимјеж Пјанка од Република Полска, Нуло Миниси од Република Италија, Иван Доровски од Република Чешка, Хораст Лант од САД и посмртно Франтишек Вацлав Мареш од Република Чешка за афирмација на македонскиот јазик за време на долгогодишниот престој и работа во Република Австрија.

Со "Орден за заслуги за Македонија" Претседателот Црвенковски го одликува Академикот и писател Петре М. Андреевски за неговите исклучително големи дострели во литературата - поезијата, прозата и драмата. Доделувањето на Орденот за заслуги за Македонија е признание за книжевните дела со кои Петре М. Андреевски даде значаен придонес во збогатувањето и афирмацијата на македонското книжевно творештво.

Со орден “8 Септември”, Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски го одликува Проф.д-р Роберт Бадинтер за исклучителен придонес во остварувањето на независноста, јакнењето на меѓународната положба и углед на Република Македонија, за развојот и афирмацијата на меѓунационалните односи во земјата, како и заради неговиот придонес за развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработката на Република Македонија со Република Франција.

По повод 40 годишниот јубилеј Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски со “Орден на Република Македонија” ја одликува Македонската академија на науките и уметностите. Највисоката институција на науките и уметностите е одликувана за исклучителниот придонес во утврдувањето на националната политика и развојот на научната работа и уметничкото творештво, како и за поттикување и координирање на научно-истражувачката дејност од значење за севкупниот развој и афирмација на македонската наука и држава. Претседателот Црвенковски со “Орден за заслуги за Македонија” одликува и седуммина академици на МАНУ. Како членови на МАНУ од првиот состав, за исклучителен придонес во работата на Академијата, како и за врвните резултати во едукативната и научна дејност Претседателот Црвенковски ги одликува Академик Ѓорѓи Филиповски и Академик Благој Попов. За исклучителен придонес во работата и афирмацијата на Македонската академија на науките и уметностите и за врвните резултати во едукативната и научна дејност, како нејзини претседатели во период од 1984 до денес, Претседателот Црвенковски ги одликува и Академик Јордан Поп-Јорданов, Академик Ксенте Богоев, Академик Георги Ефремов, Академик Матеја Матевски и Академик Цветан Грозданов.

Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски го одликува Помошник државниот секретар на САД за Источна Азија и Пацифик, Кристофер Хил со Орден “8 Септември”, а за неговиот исклучителен придонес во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработката меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави вршејќи ја должноста прв амбасадор на САД во земјава во периодот од 1996 до 1999 година.

Комисијата за вреднување на добиените идејни решенија за одликување и признанија на Република Македонија ја изврши селекцијата на следниве идејни решенија:

 

Орден на Република Македонија
Орден на Република Македонија  
Орден 8ми септември
Орден "8ми септември"
Орден  Илинден - 1903 година
Орден Илинден - 1903 година
Орден за заслуги за Македонија
Орден за заслуги за Македонија
Орден за воени заслуги
Орден за воени заслуги
Медал за заслуги за  Македонија
Медал за заслуги за Македонија
Медал за храброст
Медал за храброст
Повелба на Република Македонија

 

Формулари за аплицирање

Комисија за Одликување и признанија на Претседателот на Република Македонија

На 18 октомври 2004 година, Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски со Одлука ја формира Комисијата за одликување и признанија, која е составена од следниве членови:

  1. Академик Цветан Грозданов, член на МАНУ.
  2. Академик Ѓорѓи Филиповски.
  3. Проф. д-р Ѓорѓи Мартиновски, ректор на Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје.
  4. Проф. д-р Алајдин Абази, ректор на Универзитетот на југоисточна Европа, Тетово.
  5. Проф. д-р Ванче Стојчев, проф. на Воена Академија.
  6. М-р Петар Гошев, гувернер.
  7. Дане Илиев, Претседател на Врховен суд на Република Македонија.
  8. Горјан Тозија, историчар на уметноста, советник во Кабинетот.
  9. М-р Катерина Христова, нумизматичар, НБРМ.
  10. Мирослав Стојановски, началник на ГШ.
  • За Претседател на Комисијата е избран академик Цветан Грозданов.
Кон Врвот
  © Претседател на Република Македонија, 2004