Претседател
Поранешни претседатели
За Македонија
Кабинет
почеток
Мапа
Линкови English version
Покровителство
Пресс центар
 Документи
Контакт
Виртуелни тури Фото есеи
Пронајди Пребарај
Пренеси на пријател Испрати

Ниту еден друг проект во периодот по осамостојувањето на Република Македонија немал зад себе толку голема поддршка од граѓаните кои во континуитет ја подржуваа визијата на државното раководство за демократска трансформација на сегментите на одбраната и безбедноста како предуслови за влез во најсилната воено - политичка Алијанса во историјата.

По конфликтот во 2001 година, за многу кус временски период во Република Македонија го направивме она што според многумина изгледаше тешко остварливо: од консументи на воена помош, се трансформиравме во субјект кој, во соработка со нашите пријатели и партнери од евро-атлантска заедница придонесува за безбедноста на регионот и пошироко. Денес, Република Македонија е дел од глобалната анти-терористичка коалиција во Ирак и Авганистан каде што нашата воена мисија, иако малубројна, на убедлив начин докажува дека малите држави не се разликуваат од големите кога се верува во заедничките вредности и се придонесува кон истата цел.

Во овој момент, Република Македонија ги има дефинирано сите стратешки документи неопходни за интегрална, транспарентна и демократска трансформација на сегментот на одбраната на државата. Структурните реформи во Армијата се во завршна фаза и според релевантни проценки, нашите постигнувања, во тој сегмент, на сите нивоа кореспондираат со стандардите на Алијансата. Армијата на Република Македонија во овој момент е профилирана и оспособена да исполни три фундаментални мисии: заштита на суверенитетот и независноста на земјата; подршка на службите за примена на законот при спротиставување на новите и неконвенционални закани за демократијата и декларирани сили за учество во меѓународните мисии за чување на мирот.

Во тој контекст, мораме до крај да го завршиме мошне важниот процес на реална интеграција на припадниците на етничките заедници во структурите на одбраната и безбедноста што ќе има исклучително значење за стабилноста и идниот развој на државата. Тоа ќе значи заокружување на активностите за етаблирање на ефикасни и кредибилни институции неоптоварени со етнички или политички предзнак во кои сите наши граѓани ќе имаат целосна доверба.

Последниве години Република Македонија е предводник и на квалитативно новата етапа во регионалната соработка во областа на одбраната на Балканот, каде што до неодамна државите повеќе се конфронтираа отколку што соработуваа меѓу себе, користејќи ги за деструктивни цели токму ресурсите во оваа област. Во тој контекст, Јадранската Повелба во која сме заедно со Хрватска и Албанија и со стратешкиот партнер САД, во изминативе две години изврши силно влијание врз градењето на новата клима на доверба во регионот и промовирање на концептот на стабилност и безбедност на Балканот.

Во многу тешки периоди од најновата историја на војни и деструкција на Балканот Република Македонија се однесуваше како де факто членка на НАТО и како докажан партнер на Алијансата и на меѓународната заедница кои беа сигурни дека на своја страна има атипична балканска држава која практикува меѓуетнички дијалогот и толеранцијата кога во нашето опкружување постоеја многу спротивни примери.

Заклучоците од Самитот на НАТО во Истанбул во 2004 година во кои се вели дека Република Македонија направила значаен прогрес во реформите претставуваат потврда добиена од највисоко ниво дека сме на вистинската патека. Токму од тие причини на следниот самит на НАТО со право очекуваме да ја добиеме поканата за членство, убедени дека навистина ја заслужуваме.

Широкиот политички, меѓуетнички и граѓански консензус кој го имаме во континуитет им дава легитимитет на нашите напори за интегрирање во евроатланската заедница. Денес, кога сме на чекор од тоа историско постигнување, мораме да продолжиме да генерираме стабилност и демократија во поширокиот регион и на тој начин да преземеме уште поголема одговорност во сеуште чувствителното опкружување.

Кликнете за подетален приказ

Во ноември 1995 година Република Македонија стана рамноправна членка на иницијативата на НАТО – Партнерство за мир

[12.04.2007]
Интервју на Претседателот Бранко Црвенковски за германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг
"На Балканот сите соседи се тешки". Под овој наслов тиражниот германски дневен весник ФАЦ објави подолго интервју со Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски. Во разговорот со уредникот на весникот за Југоисточна Европа, Претседателот Црвенковски, одговарајќи на прашањата даде повеќе оценки за актуелната политичка и безбедноста ситуација во регионот низ призмата на косовското прашање.
 Повеќе детали
 Повеќе детали
[21.05.2004]
Декларација за подигнување на нивото на односите и соработката меѓу Република Македонија и НАТО
[03.07.2006]
Изјава на Претседателот Бранко Црвенковски во пресрет на денот на одржувањето на парламентарните избори, 5 јули
Предизборната кампања денес завршува. На 5ти јули се ќе биде во ваши  раце, Вие одлучувате. Искористете го вашето уставно право и извршете ја Вашата граѓанска должност
 Повеќе детали
Кликнете за подетален приказ
[18.11.2004]
Изјави на Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски и Претседателот на Република Албанија, Алфред Моисиу и одговори на новинарски прашања
Денеска имавме задоволство да бидеме заедно, Претседателот Црвенковски и јас како продолжение на една многу убава традиција што ја воспоставивме и меѓу двајцата претседатели, меѓу мене и покојниот Трајковски. Се согласивме дека ова е најдобриот начин да разговараме за многу прашања, ова е еден израз на пријателството и добрососедството меѓу нашите две земји
 Повеќе детали
Кликнете за подетален приказ
[25.07.2004]
Изјава на претседателот Црвенковски по средбите со Солана и Шефер во Брисел
 Повеќе детали
Кликнете за подетален приказ
[29.06.2004]
Изјава на Претседателот Црвенковски по завршување на НАТО Самитот во Истанбул
Она што долго време го очекувавме, она на што долго време работевме се најде во финалниот документ од овој Самит
 Повеќе детали
Кликнете за подетален приказ
[18.08.2006]
Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски по повод одбележувањето на 18 август- Денот на Армијата имаше свое обраќање.
Денес, кога одбележуваме четиринаесет години од формирањето на современата Армија на независна и самостојна Република Македонија, изградена врз темелите на воените формации кои победија во
 Повеќе детали
Кликнете за подетален приказ
[18.08.2004]
Обраќање на г-дин Бранко Црвенковски, Претседател на Република Македонија - 18 Август - Ден на Армијата на Република Македонија
Во сиот овој период нашата армија ја делеше судбината на својот народ и држава
 Повеќе детали
Кликнете за подетален приказ
[29.06.2004]
Обрaќање на г-дин Бранко Црвенковски, Претседател на Република Македонија на состанокот на Евро-Атланскиот партнерски совет на НАТО самитот во Истанбул
Македонија е веќе подготвена, при следниот круг на проширување, да стане и одговорен и заслужен член на Алијансата
 Повеќе детали
Страници: 1 2 следна
Кон Врвот
  © Претседател на Република Македонија, 2004