Петок, 10 Септември 2010
Република Македонија
Печати Е-пошта
Република Македонија се наоѓа во Југоисточна Европа, во центарот на Балканскиот Полуостров. Значењето на географската положба на Македонија, како централна балканска држава која се граничи со пет држави, различни по својот стопански потенцијал и развиеност, е што тие се упатени на меѓусебна трговска размена и дополнување на нивните економии, токму преку територијата на Република Македонија.

ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ

Население
2.022.547 (податоци од пописот 2002 година)

Површина
Вкупна површина:     25.713км2

Соседни држави
* Албанија
* Бугарија
* Грција
* Србија
* Косово

Главен град
Скопје

Други поголеми градови
Битола, Куманово, Тетово, Охрид, Велес, Гостивар, Штип, Струмица итн.

Етнички групи
Македонци (64,18%), Албанци (25,17%), Турци (3,85%), Роми (2,66%), Власи (0,48%), Срби (0,84%) и останати етнички групи (1,04%)

Јазик
Службен јазик е македонскиот. Во општините во кои живеат етнички групи чија застапеност изнесува над 20% од вкупното население во општината како службен јазик, покрај македонскиот, се употребува и јазикот на таа етничка група

Државна валута
Македонски денар (МКД)

Клима
Климата е континентална кон средоземноморска

Временска зона
GMT+1