| Советници | |
Лубен Арнаудоски - Заменик генерален секретар за правни и финансиски работи
Заменик генералниот секретар, Лубен Арнаудоски, има богато искуство во институциите на македонската држава, пред и по независноста. Прв пат вработен во Кабинетот на Претседателот, поранешното Претседателство, во 1977 година како стручен соработник, Арнаудоски ги минува скалилата во неговата кариера како советник во Кабинетот, советник на Претседателството, советник на Претседателот и секретар на Кабинетот. Во својата долгогодишна кариера членува во голем број на експертски групи за подготовка на законски проекти. Арнаудовски има акумулирано искуство од учеството во бројни конференции и семинари во Македонија и во странство, како и преку редовни учества на државни делегации во билатерални и во мултилатерални активности. Иле Масалковски - Заменик генерален секретар за организациони и протоколарни работи
Иле Масалковски дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје, на отсекот за политички студии, а со звањето Магистер по јавна администрација се стекнал во 2011 година на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски ситеми - Битола. Во 2006 година е ангажиран прво како демонстратор, а потоа и како помлад асистент по предметите Надворешна политика, Надворешно политичка анализа и Анализа на јавна политика на ФАМИС - Битола. Во 2009 година е ангажиран како Раководител за протокол и организациони работи во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, а за Заменик генерален секретар е именуван во 2010 година. Има неколку годишно искуство во работата на невладиниот сектор и меѓународната младинска политика. Учестувал на голем број тренинг курсеви, семинари во земјава и во странство, како и на првата „Школа за политика“ оганизирана од Советот на Европа (2003-2004). Бил Извршен директор на Граѓанското здружение за демократија, мир и толеранција „АУРОРА“ од Битола, како и Заменик координатор на ЕЦМП - Скопје. Активно го говори англискиот јазик, а го користи и француски јазик.
Полковник Васко Ѓурчиновски - Аѓутант на Претседателот на Република Македонија
Аѓутантот на Претседателот Иванов, полковник Васко Ѓурчиновски, военото образование го започнал во Средното Воено Училиште во Сараево, веднаш по завршувањето на основното училиште во Тетово, а Воената Академија на КоВ ја завршил во Белград. Дипломирал на командно штабен колеџ во Соединетите Американски Држави во 2002 година. Во текот на воената кариера извршувал бројни должности како командир на вод, чета, заменик на командант и командант на баталјон и бригада, како и бројни штабни должности во специјалните и механизирано пешадиските единици во неколку гарнизони и единици во Армијата на Република Македонија. Во досегашната војничка кариера има завршено бројни курсеви и учествувано во воени вежби во Република Македонија и странство. Во периодот 2008-2009 година учествувал во мисијата на Обединетите Нации UNIFIL во Либан, каде е одликуван со медал на Обединетите Нации. Активно го користи англискиот јазик и учествува на сите спортски натпреварувања и манифестации. Во Март 2011 година со указ на Претседателот на Република Македонија е именуван за Аѓутант на Врховниот Командант на Вооружените Сили на Република Македонија, Претседателот д-р Ѓорге Иванов. Дарко Костадиновски - Државен советник за надворешна политика
Државниот советник за надворешна политика,Дарко Костадиновски,е ветеран во секторот надворешна политика во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија. Прв пат се вработува како асистент на советникот за надворешна политика во Кабинетот на Претседателот Борис Трајковски во февруари, 2001 година. Освен како асистент на советникот за надворешна политика, во Кабинетот на Претседателот Бранко Црвенковски, од 2006 година, својата кариера во надворешната политика ја продолжува раководејќи и со одделението за Европската Унија и НАТО. Костадиновски, е магистер по правни науки на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, од областа на меѓународното право. Во тек се неговите докторски студии во истата област, на темаповрзана сосоветодавната надлежност на Меѓународниот суд на правдата. Во неговата биографија останува запишана и поддршката за развојот на институциите во Република Македонија, како менаџер на проект на УСАИД за подготовка на закони во Собранието на Република Македонија во 1998 година, и како набљудувач во рамки напроектот наСоветот за радиодифузија за мониторинг и анализа на електронските медиуми. Учествувалвоголем број меѓународни семинари и конференции накои јапромовира и допринесува воградењето намакедонската надворешна политика. Автор е на книгата Меѓународна Арбитража, објавена во 2008 година.
Ахмед Ќазими – Државен советник за економски прашања
Државниот советник за економски прашања, Ахмед Ќазими, е магистрант по економија, група маркетинг-менаџмент на Државниот Универзитет во Тетово (ДУТ). Универзитетското образование го има завршено на Природно Математичкиот Факултет во Скопје како дипломиран инженер, има завршено и специјализација по менаџмент, додека на ДУТ се здобива и со педагошка доквалификација. Во кабинетот на Претседателот доаѓа од Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор, каде што бил ангажиран како Државен советник. Во неговото претходно работно искуство се вбројува и ангажманот како консултант по енергетика во COFER (Council on Foreign Economic Relations), потоа консултант на Претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија,додека во периодот од 2001 до 2010 година има работено во Приватниот Колеџ „Јахја Кемал“ како професор и советник на генералниот директор за наука и образование. Има објавено неколку професионални научни трудови. Љуљета Ќуфлију - Советник за меѓунационални односи
Љуљета Ќуфлију има долгогодишно и сеопфатно работно искуство во различни државни институции,невладини и меѓународни организации. Својата кариера ја започнува во редакцијата за култура во Радио Втора програма при Македонската Радио Телевизија, но истовремено учествувала и во многу социјални и хуманитарни активности. По завршувањето на Педагошкиот факултет во Скопје, Ќуфлију е ангажирана во редакцијата за култура на дневниот весник “Флака”. Љуљета Ќуфлију уметноста на дипломатијата ја стекнува работејќи со меѓународни дипломати - претставници на повеќе светски организации. Почетоците на ова искуство се во Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје, од 2001 година. За време на повеќегодишното работно искуство во рамките на меѓународните организации, Ќуфлију била активно инволвирана во организација на културолошки и хуманитарни манифестации, како и во организацијата на средби и посети на важни меѓународни и локални делегации. |
|
Четврток, 17 Мај 2012 |
|
Понеделник, 14 Мај 2012 |
















