| Комисија за најмлад научник | |
|
Комисијата за Најмлад научник е формирана во функција на реализација на проектот на претседателот д-р Ѓорге Иванов „Најмлад научник“, кој има за цел да ја поддржи науката, научните установи и младиот научен кадар, како и да ги стимулира вложувањата во научниот развој на младите чии сериозни научни достигнувања нема да останат незабележани.Преку овој проект се воспоставува традиција секоја година да се избира најдобриот млад научник, и на тој начин да се поттикува младата научна и истражувачка мисла во Република Македонија.
Имено, проектот „Најмлад научник“ предвидува избор на кандидат, на возраст до 30 години, кој се занимава со научни истражувања и кој во досегашната научна работа има постигнато одреден научен резултат, и кој ќе го понесе епитетот Најмлад научник.
Комисијата за Најмлад научник за прв пат е формирана во 2010 година и е составена од претседател и 14 члена кои потекнуваат од следните институции:
· Македонска академија за науки и уметности (МАНУ) · Министерство за образование и наука · Јавни и приватни универзитети во Република Македонија · Државен завод за заштита на индустриската сопственост · Кабинет на Претседателот на Република Македонија · Претставник од стопанството
На избраниот Најмлад научник за тековната година, претседателот на Република Македонија му доделува посебно Признание и парична награда во износ од 60.000 денари.Комисијата досега има предложено до Претседателот Иванов два кандидата, кој станаа носители на признанието „Најмлад научник" за 2010 и 2011 година.
|
|
Четврток, 17 Мај 2012 |
|
Понеделник, 14 Мај 2012 |










