Претседател
Поранешни претседатели
За Македонија
Кабинет
почеток
Мапа
Линкови English version
Покровителство
Пресс центар
 Документи
Контакт
Виртуелни тури Фото есеи
Пронајди Пребарај
Пренеси на пријател Испрати

Медал за храброст

 

Медал за храброст

Има основна четворокрака ѕвездеста форма во димензии од 55мм.

Медалот е стилизирана четворокрака ѕвезда под која се вкрстени два меча. Во полето на ѕвездата има осум златни краци кои се спојуваат во централната точка на средишниот круг во кој е напишано мотото - за храброст.

Медалот е изработен од сребро, позлата, тониран топол емајл.

Медалот има соодветна лента и минијатурна лента. Редниот број на орденот, соодветен жиг за чистота на металот од кој е изработен и жигот на производителот се втиснати на задниот дел на орденот.

Секој орден и медал има соодветна кутија, во одредена боја, која димензионално одговара на димензиите на одличјата. На поклопецот на кутијата со златовтиснување е името на одличјето.

Лентите за ордените се изработени од маорирана свила во пропишаната боја и димензија.

 

Медал за храброст - се доделува на:

 

  • припадници на вооружените сили на Армијата на Република Македонија, на вработените од Министерството за внатрешни работи и на други личности за покажана лична храброст и самопрегор во одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, или во заштитата на човечки животи или материјални добра во опасни ситуации и
  • припадници на Министерството за внатрешни работи за посебни заслуги и долгогодишно ангажирање при вршење на работите и задачите; посебно ангажирање во спасување или заштита на животот, имотот и здравјето на граѓаните, посебно ангажирање во спречувањето на нарушувањето на јавниот ред и мир во поголем обем или заради особени заслуги и придонес во меѓународната афирмација на Министерството.
Кон Врвот
  © Претседател на Република Македонија, 2004