Прв претседател на Република Македонија е Киро Глигоров кој функцијата претседател на Републиката ја извршува два мандати од 1991 до 1999 година. Киро Глигоров е роден на 3 мај 1917 година во Штип. Дипломирал на правниот факултет на Универзитетот во Белград. Учесник е во Народноослободителната борба од 1941 година.
Бил член на АСНОМ. Во Президиумот на АСНОМ бил одговорен за финансии (повереник за финансии). Бил секретар за финансии на Сојузниот извршен совет, член на Претседателството на СФРЈ и претседател на Собранието на СФРЈ.
За претседател на РМ е избран на 27 јануари 1991 година , а по втор пат на 19 ноември 1994 година. Функцијата претседател на Републиката ја врши до 19 ноември 1999 година.
|