Пратеник во Собранието на Република Македонија избран на првите повеќепартиски избори
Како прaтeник во првиот состав на Собранието на Република Македонија беше потписник на иницијативата за распишување на референдум за независна Македонија
Бранко Црвенковски е првиот претседател на собраниската комисија за надворешна политика
Избран е за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, во април 1991 година на Првиот конгрес на партијата
Претседател на Владата на Република Македонија
Својот прв мандат како претседател на Владата на Република Македонија го започна во 1992 година. Со само 29 години тој беше најмладиот шеф на влада во Европа. Како премиер и политичар, Бранко Црвенковски прв ја промовираше идејата за учество на партиите на Албанците во Владата на Република Македонија. Бранко Црвенковски успеа да формира широка коалиција со Либералната партија, Социјалистичката партија и Партијата за демократски просперитет.
По прогласувањето на независноста, Република Македонија се најде во тешка економска и политичка ситуација, со висока стапка на инфлација, значителен социјален притисок и недоволна меѓународна поддршка. Владината коалиција успеа да ја стабилизира економијата и да го отпочне процесот на приватизација.
Претседател на Владата на Република Македонија
Во 1994 година Бранко Црвенковски беше повторно избран за претседател на Владата на Република Македонија откако на парламентарните избори СДСМ оствари победа со освојување на 59 од 120 мандата. Тоа беше втор мандат за СДСМ во коалиција со ЛП, ПДП и СП.
Во овој период Македонија успеа да стане член на повеќе меѓународни организации, како: ООН, ОБСЕ и Советот на Европа, потпиша договори со ММФ и Светската банка, промовираше демократија, имплементираше значајни економски реформи и привлече странски инвестиции. Првите чекори во евроатлантското интегрирање на Македонија беа направени во овој период: Македонија стана членка на Партнерството за мир, а беа потпишани и СОФА договорот и Договорот за економска и трговска соработка со Европската унија.
Пратеник во Собранието на Република Македонија (носител на пропорционалната листа на СДСМ)
Опозиционен лидер во Собранието на Република Македонија како претседател на најголемата опозициона парламентарна група
СДСМ се преклучи во „Владата на политичко единство“, со цел да се запре кризата во земјата
Бранко Црвенковски беше еден од потписниците на Рамковниот договор
Претседател на Владата на Република Македонија
На парламентарните избори, одржани на 15 септември 2002 година, коалицијата „За Македонија-заедно“ оствари убедлива победа со освојување на 60 пратенички места во Собранието на Република Македонија
Како претседател на Владата ја поднесе Апликацијата за членство на Република Македонија во Европската унија
Претседател на Република Македонија
|